„Форин полиси“: Лидери кои направија добри и лоши работи во 2012 год


Американскито магазин „Форин полиси“ направи список на лидери кои со своето однесување ја одбележаа годината со добро и лошо владеење.

ЛОШИ ЛИДЕРИ

Башар ал Асад
Сирија
Осмисли нова категорија на ужасното
sirija napad,jpgНекогаш сметан за еден од најреспектираните реформистички автократи на Блискиот Исток, Асад разрушувањето на својата држава ја донесе до неописиво ниво во изминатите години, а бројот на загинати е над 37.000, а стотици се раселени додека цели градови се уништени. Асад исто така очигледно не се воздржува да употреби „скад“ проектили и аксетна муниција врз својот народ. Дури и неговите пријатели во Русија се уморија од тоа да го бранат.

Ким Џонг Ун
Северна Кореја
Син на тато
severna-koreja-kim-dzong-un-kim-dzong-un-raketa-raketa-unha-1355606924-241863Надежите дека младиот лидер на Северна Кореја може да преземе некои чекори за да помогне неговата изолирана и осиромашена држава да му се придружи на остатокот од светот брзо пропаднаа оваа година, а Ким продолжи политика на својот татко „прво армијата“ лансирајќи балистички ракети и покрај меѓународната осуда, апсејќи американски државјани и наводно – убивајќи воени лица кои ќе му се спротистават.

Александар Лукашенко
Белорусија
Горд што е диктатор

ukrainaГолем број диктатори негираат дека се диктатори. Но, Лукашенко веќе не негира. На новинар на Ројтерс оваа година му изјави: Јас сум единствениот и последен диктатор во Европа. Навистина, зарем нема други во светот…дојдовте овде и гледате во жив диктатор. Каде на другоместо би го виделе?
Лукашенко кој најверојатно го подготвува својот 7-годишен син за насленик ја оправда својата репутација оваа година со апсење новинари и политички противници. Годината завршува во ист негативен стил бидејќи ќе прифати феудален закон со кој работници кои се занимаваат со преработка на дрво да не смеат да ја напуштат работата. Единствена добра вест? Како што стојат работите во Украина, можеби нема да биде во можност уште долго да се фали дека е последен европски диктатор.

Пол Кагаме
Руанда
Ги угнетува граѓаните и ги дестабилизира соседите

Иако се уште има пријатели во Вашингтон, ова изгледа беше година кога конечно извалкана меѓународната репутација на претсеадтелот на Руанда како демократски реформист. Приврзаниците негови на запад воглавно ја вртеа главата изминатите години на докази дека неговата влада затвора противници и задушува медиуми. Оваа година во извештај на ОН Руанда е обвинета дека активно поддржува бунтовничко движење М-23 кое зазеде големи територии во соседна ДР Конго. Неколку држави меѓу кои и Британија и Германија сега запреа со помош за некогашниот пријател.

Мохамед Морси
Египет
Покажува дека неговите критичари се во право
EGYPT-POLITICS-UNRESTСе уште е рано, но Морси не успеа да ги разувери своите противници и критичари кои стравуваа дека кога ќе дојде на власт некогашниот лидер на Муслимански браќа, ќе сака да ја ограничи демократијата во Египет.

Тој форсира нов устав поддржан од исламисти и кој нема одредби за заштита на новинари, малцинства и права на жените и кои многумина стравуваат дека политичката власт може да ја стави во раце на свештеници.

Постои и вознемирувачки извештај дека приврзаници на Морси злоставуваат и киднапираат противници за време на демонстрациите против уставот и дека тој блокира истрага против нив.

ПРИМЕРНИ ЛИДЕРИ

Теин Сеин
Мјанмар
Оди во правец на демократија

Имаше многу причини за скепса во 2011 година кога тој долгогодишен припадник на владејачката хунта на Мјанмар ја презеде претсеадтелската функција, но тој ги исполни ветувањата дека ќе дозволи демократизација на државата, одржувајќи релативно слободни фер парламентарни избори во април на кои долгогодишната противничка на режимот Анг Сан Су Чи влезе во парламентот. Тие можеби не изгледаат како најприродни партнери, а Мјанмар заостанува со правни демократии, но успехот постигнат во оваа година е вреден да се спомене.

Франсоа Оланд
Франција
На турнеја со извинувања
MerkelOlandОланд заслужува признание поради тоа што јавно се соочи со некои од лошите моменти во француската историја. Во јули на церемонија по повод 70 години од опсадата Вев Див – уапсени над 13.000 Евреи од француската полиција и депортирани во логори, случување кое француските влади со децении го негираа – Оланд одржа говор повикувајќи ги своите граѓани да се соочат со „злосторството кое во Франција го направи Франција“.

Во октомври Оланд стана прв француски претседател кој призна одговорност на својата влада за масакрот на стотина про-алжирски демонстранти од страна на париската полиција во 1961 година. Во неодамнешната посета на Алжир, тој зборуваше за „крајно неправедна и брутална“ природа на француското колонијално владеење. Иако со своите забелешки тој не изрази директно извинување за кое многумина Алжирци се надеваа, Оланд заслужува пофалби за подготвеноста да разговара за времињара кога Франција не живеела во согласност со своите идеали.

Абдулаје Ваде
Сенегал
Мирно заминување

Претсеадтелот на Сенегал изминатите 12 години е со контрадикторно наследство, пофалуван како смел реформатор, но и критикуван заради трошоење државни пари на споменици, бараше уставно спорен трет мандат и најверојатно го подготвуваше синот за свој насленик. Но, откако загуби на изборите во април, Ваде изненаде кога веднаш го повика Маки Села, победник на изборите, со што беше избегната политичка криза. Имајќи предвид хаотични соседи на Сенегал – секоја од четирите држави се кои се граничи имала пуч во изминатите пет години – тоа е вредно за пофалба.
Хосе Мухика
Уругвај
Најсиромашен претседател на светот
Hose-Muhika-4-630x385Михука си стои на зборот. Најсиромашниот претсеадтел на светот донира 90 отсто од својата плата во добротворни цели, се одрече од претседателската палата и живее во колиба вон Монтевидео. Вози „Буба“ од 1987 година.

Бизнис-заедницата во Уругвај можеби е загрижена за овој поранешен левичарски герилец избран во 2009 година, но досега тој повеќе беше Лула отколку Уго кога е во прашање економијата, а притоа спроведе драматични социјални реформи-меѓу кои и мерки за попуштање на ограничувањата за абортус, легализирање геј-бракови и употреба на мали количини марихуана.

Џојс Банда
Малави
Ја поправи штетета на нејзиниот претходник
Џојс Банда ја презеде претсеадтелската функција во април по неочекуваната смрт на нејзиниот претходник Бингу ва Мутарика, кој е најпознат по трошење милиони на претседателската палата, приватни авиони, автомобилил и брутално задушување на политичкиот отпор (додека неговата држава има еден од најниските животни стандарди во светот). Банда се посвети на работа на чистење и поправуање на репутацијата на државата – го прдоаде авионот, отпушти официјални лица кои брутално се пресметуваа со опозицијата, и ги убеди странските влади (меѓу кои и САД и Британија) да почнат повторно да праќаат пари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1