Фото(18+): Терорист објавил фото од синот (7) со отсечена глава во рацете


Фотографијата на која дете држи отсечена глава од сириски војник го потресе светот. Фотографијата била објавена на Твитер со наслов „Тоа е мојот син“, а предизвикала осуда на јавноста и политичарите, откако била објавена во The Australian.

dete-glava-04-630x354Премиер на Австралија, Тони Абот изјавил дека фотографиите од синот на австралискиот терорист Калед Шаруф се „грозни“ и „варварски“.

 „Исламската држава не е само терористичка група, тоа е терористичка војска и бара повеќе од терористичка енклава, бара терористичка држава и терористичка нација“, предупредил тој, додавајќи дека

„тоа не е проблем само за луѓето од Блискиот Исток, туку и за целиот свет“.

Дејвид Џонстон, австралиски министер за одбрана, предупредил дека објавувањето на такви фотографии влијае на негативното гледање на исламот.dete-glava-02-351x630

dete-glava-01-530x630Американскиот министер за одбрана, Чак Хејгел, рекол дека фотографијата ја докажува сериозноста на заканите на ИСИЛ кон Западот.

„ИСИЛ е закана за цивилизираниот свет и американските интереси, но и за Европа и Австралија“, изјавил Хејгел.

Лидерот на австралиските лабуристи, Бил Шортен, истакнал дека „потресната, злобна фотографија“, треба да ги остави сите Австралијци „длабоко загрижени“.

„Како родител, не можам да сфатам како некој може на своето дете да му дозволи да се најде во таква ситуација“, рекол Шортен.

Голем број австралиски муслимански заедници се оградиле од фотографијата и тоа што истата го симболизира.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1