МВР тврди дека се степале гости меѓусебе, немало кршење во чаршија


Двајца скопјани со клоци и тупаници ги решавале меѓусебните недоразбирања додека биле гости во кафулето “Њу Орлеанс” во Старата чаршија во Скопје. Од МВР велат дека се работи за физички напад и при увидот не е утврдено кршење на просторот, ниту бил нападнат некој од вработените.

carsija kafic“Се работи за тепачка меѓу двајца гости. Нема оштетување на просторот и не е нападнат никој од вработените”, информираат од МВР.

Гостинот кој бил нападнат е Џ.Ф. (30), а идентитетот на напаѓачот се утврдува.

Пред околу една недела, група момчиња, поради македонска музика, предизвикаа инцидент, ги нападнаа вработените и го искршија кафулето. За настанот, полицијата приведе две лица. Едното од нив е во притвор, во траење од осум дена.
Според полицијата, двата инцидента не се поврзани.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1