Нов инцидент во чаршија – коинциденција или притисок врз газдата кој „пушта македонска музика“


Инцидент се случи во кафе барот „Њу Орлеанс“ во старата скопска чаршија, кој неодамна беше цел на напад поради „пуштање на македонска музика“.

nu-orleansНеколлку интернет портали, повикувајќи се на сведоци пренесоа дека повторно група млади луѓе се појавила доцна навечер во кафулето, со пивско шише го искршиле излогот на барот, го истепале шанкерот и му се заканиле со зборовите: „Оди си од овде или секој ден истово ќе ти го правиме”. Според истите сведоци, станува збор за пријатели на двајцата уапсени поради претходниот инцидент во „Њу Орлеанс“ кога беа искршени неколку прозорци и компјутерот на ди џејот, а со послесни повреди поминаа неколкумина вработени и сопственикот на кафе барот, пренесува Алфа

Од МВР потврдија дека навистина имало нов инцидент но според верзијата која и била доставена на полицијата тој не е поврзан со претходниот случај. Имено, била пријавена тепачка меѓу двајца гости, која завршила без повреди или оштетување на инвентарот.
Екипата на Алфа уште еднаш беше во „Њу Орлеанс“ и таму ја затекнавме вообичаената дневна атмосфера. Сопственикот не беше присутен а келнерката кратко ни рече дека не знае за никаков инцидент.
Инаку поради првото демолирање на „Њу Орлеанс“ беше уапсен вработен во општина Чаир кој важи за близок до владејачката ДУИ.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1