Грците почнаа повторно да ги оштетуваат македонските автомобили!


Македонци се вратија разочарани од Грција. Во текот на вчерашниот денна граничните премини „Богородица“ и „Меџитлија“ пријавени се петкражби на регистарски ознаки од возила на македонски туристи.

grcija iskrtani avtomobiliНа Граничниот Премин „Богородица“, е пријавено дека на возило“Renault” со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на К.Е. во турустичкото место “Олимпик Бич” украдени и се двете регистарски ознаки.  Потоа е пријавено дека на возило „Opel“ со велешки регистарски ознаки, управувано од страна на К.Т. во туристичкото место „Катерини – Паралија“ украдени му се исто така двете регистарски ознаки.

На „Меџитлија“, кражба на регистарски ознаки пријавиле Л.Р.А. од Битола, кој управувал патничко моторно возило марка „VW Passat“ со скопски регистарски ознаки, а летувал во местото „Паралија“, М.Ј. од Ресен, кој управувал патничко моторно возило марка „Opel Astra“ со охридски регистарски ознаки, а летувал во местото „Олимпик Бич“ и В.Д. од Охрид која управувала патничко моторно возило марка „Opel Astra“со охридски регистарски ознаки, а летувала исто така во местото „Олимпик Бич“. Сите пет случаи се пријавени во грчката полиција.

На 27.07. пријавено е оштетувањето од страна на И.К. која управувала патничко моторно возило марка „VW Scirocco“ со битолски регистарски ознаки. На двете регистарски таблички им бил оштетен кодот „МК“ со црн спреј, а  на самото возило имало и оштетувања со црн спреј на предниот дел од хаубата и на вратата од гепекот со натпис ,,SLAV“. Настанот се случил во туристичкото место „Лептокарија“, а за истиот е известена и грчката полиција, но не е добиен записник.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1