Лекар и препишал на 2 годишно девојче Нурофен – замалку ќе умрела


Родителите изјавиле дека доколку малата Macey Marsh преживее, таа ќе биде слепа по ужасната алергиска реакција која и’ предизвикала сериозни рани и плускавци.

Девојчето морало да се бори за својот живот откако доживеала огромна алергиска реакција од детска доза Нурофен. Само неколку часа откако на 2 годишната Мејси и бил даден лекот по препорака од општиот лекар на семејството, нејзиното лице избувнало во стотици агнонизирачки рани и плускавци. PAY-Macey-Split
Сега, после 10 дена на интензивна нега, лекарите велат дека е “чудо” што таа е жива и дека нејзиниот вид може да биде трајно оштетен. 

Вчера нејзиниот татко Мет, 37, изјавил: “Не би посакал тоа да му се случи на билокој. Само помислата дека можеме да ја изгубиме беше неподнослива.”

Агонијата на Мејси започнала пред шест недели кога родителите ја однеле на лекар бидејќи била нафрлана по телото и имала подуени очиња, а се чувствувала омалаксано. Лекарот ги уверил Мет и неговата сопруга Сара дека девојчето едноставно било изморено и дека ќе биде во ред доколку и’ дадат Нурофен наизменично со Калпол.

NurofenТие и ги дале лекарствата на Мејси и ја легнале во креветче, но кога Сара ја проверила изутрината нејзината состојба била уште полоша и нејзините очиња биле целосно залепени со слуз. Родителите ја однеле веднаш во болницата St. Peter која е во близина на нивниот дом.

Медицинските лица дијагностицирале дека има прехлада и ја испратиле дома со пеницилин. Но Сара била шокирана кога следното утро лицето на девојчето било целосно покриено во ужасни плускавци.

,,Кутрата Мејси беше во толку голема болка што веднаш заминавме во локалниот центар за итни случаи и тие веднаш повикаа брза помош.” Мејси била префрлена во болницата St. George во Југозападен Лондон за да испитаат девојчето да не има некоја инфекција.

Тука таа била дијагностицирана со Стивенс Џонсон Синдорм – ретка состојба предизвикана од насилна алергиска реакција од вирус или лек која зафаќа само 1 од 50.000 луѓе.

На Мет и на Сара им кажале дека би било вистинско чудо доколку нивното девојче преживее и дека доколку и преживее би можела да го изгуби видот.

“Го допревме дното. Лекарите ни објаснија дека нејзините очиња започнале да се лепат за внатрешноста на нејзините очни капаци и дека нејзините рожници можат да бидат толку оштетени што таа не би можела да гледа никогаш повторно. Тоа беше ужасно! Никогаш претходно немавме слушнато за овој синдром и бевме длабоко потресени. “ изјавил таткото.

Но и покрај се, таа заздравела и после 9 дена за прв пат ги отворила очињата.

 “Нема зборови со кои може да се опише нејзината состојба. Ние сме им премногу благодарни на лекарите што го спасија нејзиниот живот.” 10 дена откако била примена, Мејси била слободна да се врати дома. Но на детенцето ќе му биде потребна регуларна проверка на очите во наредните неколку години за да се осигураат дека видот да и се оштети.

Сега двојката прави официјална жалба против нивниот општ лекар.

Потпарол од Нурофен изјавил: “На нас ни е многу жал што слушнавме за состојбата на Мејси и  посакуваме брзо и целосно заздравување. Стивенс Џонсон синдромот е исклучително редок но сепак познат како реакција на мноштво предизвикувачи како што се инфекциите, лековите или некоја болест, ќе ги советуваме консументите внимателно да ги читаат упатствата како да го применуваат лекот “.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1