Претседателот на албанскиот парламент, Илир Мета денес го посети лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој беше полесно повреден во сообраќајка и задржан на лекување во болница.
На својот Фејсбук профил, Ахмети објави фотографија со Мета и им се заблагодари на сите пријатели кои му упатиле убави зборови му посакале побрзо оздравување.
Ахмети денеска беше полесно повреден во сообраќајка кај наплатната рампа пред Тетово. Автомобилот со кој патувал лидерот на ДУИ, Али Ахмети удрил во патарина на автопатот Гостивар-Тетово. Покрај Ахмети бил повреден и неговиот возач.