Амди Бајрам скокна во фонтана на Босфор за спектакуларен крај на свадбата на неговиот внук во Истанбул, пишува Нетпрес
По тридневната свадба на Амди Бајрам јуниор во Македонија, веселбата продолжи и во Турција, во Бекус и Босфор од седми до деветти јуни.
Свадбата во Бекус беше ноќна, каде што младенците пристигнаа со хеликоптер од стадионот на Бешикташ. Наредниот ден, пак, младенците со 450 гости го прославија стапувањето во брак на брод на Босфор. Босфорската ексклузивна свадба е подарок од дедото, пратеникот Амди Бајрам.
Од среќа, дедото влезе во фонтана и беше вистинска атракција за гостите.
Амди Бајрам Јуниор, внукот на пратеникот Амди Бајрам, со својата понежна половина, Везира Агушева, вчера стапнаа на лудиот камен и го кажаа судбоносното “ДА” во Амди-паша џамијата во Шутка.