Со Мерцедес им влета во седиштето на CNN (Видео)


Американската полиција покрена истрага откако автомобил влетал во приземјето на седиштето на телевизиската мрежа Си-Ен-Ен во Атланта.

mercedes-cnn-560x320Автомобилот марка „Мercedes-Вenz“ ги искршил стаклата на влезот во предворјето на зградата.

Возилото запрело на средина на просторијата. Работници наредните три часа го чистеле стаклото од подот.

Предворјето е отворено, а со жолта трака е блокиран пристапот на секцијата во која влетал автомобилот, пренесе АП.

Полицијата соопшти дека во возилото во моментот на инцидентот се наоѓале две лица. Засега нема информации за нивната состојба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1