Британската кралица Елизабета Втора ја додели почесната титула „Дама“ на холивудската ѕвезда Анџелина Џоли поради нејзината кампања за борбата против сексуалното насилство во воените подрачја.
Филмската дива титулата ја доби за време на приватната посета на кралицата во Бакингамската палата.
За време на приемот кралицата ја одликуваше Анџелина со титулата Почесна дама на големиот крст од највискот ред на свети Михаел и свети Џорџ.
Како странски државјанин, Анџелина титулата не може официјално да ја додаде на своето име, но тоа е признание со почесен карактер.
Хуманитарната работа на Џоли трае една деценија.