Во понеделникот на небото над португалскиот остров Мадеира во Португалија забележан е несекојдневен феномен, кој помалку го исплаши локалното население.
Џиновски „огнен облак“ се надви над Мадеира, потсетувајќи на апокалиптичните сцени од научно-фантастичните филмови.
Меѓу првите појавата ја забележал блогерот Режерио Пачеко, која фотографиите ги објави на социјалните мрежи.
Секако, веднаш се јавија бројни теоретичари, кои понудија најневеројатни и најразлични објаснувања за појавата на облакот. Некои облакот го споредија со „Божја рака“, додека оние гејмерите необичната појава на небото ја споредија со играта “Final Fantasy”.
– Штом го видов небото, го грабнав фото апаратот. Бев шокиран од она што го видов… такво нешто гледате еднаш во животот, рекол Пачеко.
Kurir.mk