ФОТО: Бебе го изгубило видот поради јакиот блиц на телефонот!


Бебе го изгубило видот на едното око откако пријател на неговите родители заборавил да го исклучи блицот при фотографирање.

Тримесечно бебе од Кина заработило големо оштетување на видот поради фотографирање на оддалеченост од само 25 сантиметри со блиц.kamera_thumb_medium500_492

Родителите набрзо по фотографирањето забележале дека со бебето нешто не е во ред па се упатиле на лекар.

Лекарите утврдиле дека бебето се здобило со оштетен вид на левото око додека видот целосно го загубило на десното око. Силниот блиц ја оштетило макулата односно делот околу окото кој апсорбира светлина. Макулата кај бебињата до четири години не е развиена, па поради тоа е многу осетлива на силно осветлување.

Стручњаците тврдат, дека иако децата имаат развиено реакција за затварање на очите при негативно влијание, доволна е само една милисекунда на силно осветлување да предизвика оштетување и во најлошите ситуации губење на видот.

Kurir.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1