Џејд и Лијам се горди родители на малата Попи-Реј, која има уникатен белег на челото.
Таа се родила со црвен белег во форма на срце на челото, а уште поневеројатно е тоа што е родена на Денот на вљубените.
-Ова е прекрасна коинциденција, поради тоа Денот на вљубените ќе ни биде уште поубав, велат нејзините родители.
Докторите велат дека овој вид белези се честа појава кај новороденчињата и исчезнуваат неколку месеци по раѓањето.
Меѓутоа, вистинска реткост е некој од белезите да има форма, особено во вид на срце.