Фото: Бесплатен паркинг за скопјани во Центар – еве како


Во недостиг од слободен паркинг во центарот и со намера да ги избегнат наплатите од час во зонското паркирање, стотици скопјани просторот под мостот „Гоце Делчев“ од левата страна на Вардар го користат како паркинг, пишува Дневник.

parkingЗа хаосот сведочат граѓани кои се рекреираат покрај реката и оние што редовно минуваат оттаму. Велат дека несовесните возачи ги оставаат автомобилите на самото шеталиште или среде велосипедската патека, како и во тревата и притоа ги уништуваат и зеленилото и плочниците.

– Тие со автомобилите се симнуваат покрај реката дури од реонот под Kале и возат до мостот – сведочат лица кои работат од другата страна на реката.

Граѓаните се жалат на несовесноста, но и неодговорноста на надлежните од кои очекуваат да ја средат оваа ситуација.

Во врска со овој проблем, Лиса Бендевска, портпарол во СВР-Скопје, изјави дека обврска на сообраќајната полиција е да казнува возачи што со своите возила блокираат патека за движење.

Таа рече дека во оваа ситуација потребно е да реагира и Градот Скопје, поточно неговите инспектори. Но, од Градот имаат поинаков одговор и се прогласија за ненадлежни да го решат бесправното паркирање.

– Kомуналните инспектори немаат надлежност за регулација на проблемот со  дивото паркирање под мостот „Гоце Делчев“ од страна на несовесни возачи. Узурпацијата на пешачко-велосипедските патеки треба да ја регулираат сообраќајната полиција и пајак-службите – изјавија од Одделението за односи со јавноста.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1