Цеца ѝ ја уништила кариерата на Дорис Драговиќ


Изгледа дека веќе никој не се чуди зошто хрватската пејачка Дорис Драговиќ пукнала со продажбата на картите за концертите во Белград и во Нови Сад, но интересно е да се спомене дека српската фолк дива Светлана Цеца Ражнатовиќ, всушност, уште во 2000 година ѝ ја уништила кариерата на Дорис, пишува српски „Курир“!

ceca-raznatovic-doris-dragovic-foto-kurir-tizer-1392020105-442861Во тоа време Дорис прво ја изгубила титулата на кралица на Торцида, бидејќи ја замразиле навивачите на сплитскиот Хајдук, кои до тогаш ја виздигнувале до небото, а тогаш решила повторно да се пробие на естрадата и направила катастрофална грешка!

Набрзо по објавувањето, се дознало дека насловната нумера на повратничкиот албум „Лице“, кој го потпишале Тончи и Вјекослава Хуљиќ е, всушност, плагијат на нумерата „Другарице“, која Цеца ја отпеала со групата „Луна“.

Тогаш се актуелизирани и приказните дека своевремено Дорис му била љубовница на Аркан. За Хрватите тоа било премногу.

– Кога неодамна гостувала во Белград во музичкото шоу „Икс Фактор“, Дорис одбила да пее песна од албумот „Лице“, затоа што се срами од тие нумери, иако продуцентите сакале да слушнат и некои од нив, а не само „Марија Магдалена“, која секаде ја пее – открива извор близок на продукцијата.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1