ФОТО: Дали ова се најбогатите луѓе на светот?


Брачната двојка од Илиноис Лео и Рут Зенгер имаат 53 внуци, 46 правнуци, а неодамна се роди Џакстон Лео Зенгер со што ја заокружи бројката на 100.

Лео и Рут се во брак 59 години. Имаат 12 деца, најстариот син има 58 години а најмладиот 31.vnuuci

Поголемиот дел од семејството живеат во близина. Најстарата внука има 39 години, постара е од вујко и, и живее најдалеку од сите – на три часа оддалеченост со возење.

Секоја година сите членови на семејството се собираат за Велигден, Божиќ и за денот на благодарноста, но поради бројноста, ги изнајмуваат просториите на локалната црква за да се соберат сите заедно.

-Ги сакаме сите и многу ни се скапоцени. Добивме уште едно скапоцено мало топче,велат гордите баба и дедо.

– Кога ќе се собереме, тоа е навистина голем собир, вели Дона Лејн, една од ќерките на Рут и Лео, и неофицијален семеен историчар.vnuci1

А ова е само дел од внуците и правнуците на Лео и Рут Зенгер.

79 годишниот Лео вели дека имало „мал натпревар“ која од двете негови бремени внуки ќе го роди стотото правнуче. И по неговото раѓање, ни оддалеку не изгледа дека бројот на внуци и правнуци долго време ќе се задржи на 100 – со оглед на тоа што поголем број од внуците штотуку стапиле во брак и ќе ги прошируваат семејствата.

– Очекувам уште правнуци и нема да ме изненадат, бидејќи имаме неколку млади семејства што неодамна се оформија и ќе се прошират, вели Лео.

Гордиот татко, дедо и прадедо вели дека со неговата сопруга Рут на секое правнуче му се радуваат како на првото.

– Тоа сигурно. Раѓањето е чудо и секогаш кога ќе се роди дете тоа е прекрасна работа, вели Лео.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1