Со ќерамиди и бетон непознати лица утринава меѓу 5 и 5:50 часот ја демолирале канцеларијата на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов лоцирана на улица „Борис Кидрич“ во Тетово.
Од СВР Тетово информираат дека биле искршени изложните и стаклата од влезната врата на канцеларијата, а пред и во внатрешноста на канцеларијата биле фрлени и неколку јајца.
-По наредба на јавен обвинител извршен е комплетен увид, оштетувањата се фотодокументирани и се преземаат мерки и активности за откривање на сторителите, соопштуваат од СВР Тетово.
ФОТО: Фејсбук