ФОТО: Десетте најскапи фустани на светот


Порталот Фактор направи листа на десетте најскапи вечерни фустани на светот.

Princeza-Dijana10. Фустанот на Принцезата Дијана

Фустанот чини 125 илјади долари и направен е од свилен шифон и е создаден од дизајнерката Катарина Вокер. Таа впрочем работела долги години за принцезата Дијана, создавајќи над илјада фустани за неа.

Фустанот бил носен само два пати и тоа во 1989 година на лондонската премиера на операта “Miss Saigon” и во 1997 година на Канскиот филмски фестивал.

До неодамна фустанот се продаваше на аукција. Додека била жива Принцезата Дијана ги продавала своите фустани на аукција, давајќи ги парите за добротворни цели.

9. Фустанот Swarovski “Dirndl Dress”

Тоалетата е создаден во Германија и чини 127 илјади долари. Овој фустан со корсет поттикнува мисли за средновековен кралски раскош и е украсена со 150 илјади камења од Swarovski. Прикажана е за прв пат во Минхен во 2006 година, а оваа тоалета е изработена за 13 дена.

Swarovski-Dirndl-Dress

8. Златниот фустан на Ginza Tanata

Овој фустан чини 245 илјади долари и претставува проѕирна тоалета од златни нишки. Тежи 1,1 килограми, а творец на ова ремек дело е јапонскиот златар Гинза Тана. Фустанот дава неповторливо чувство на леснотија и благодат.

Zlatnata-fustan-na-Ginza-Tanata

Happy-Birthday-na-Merilin-Monro7. „ Проблемот” фустан на Ginza Tanata
Истиот јапонски златар го погоди светот и со друг златен фустан, но овој пат во вредност од 267948 долари. Тоалетата беше претставена во текот на летото на 2007 година на модата недела во Токио во центарот Bunka Fashion. Фустанот е направен целосно од златни австралиски монети. За создавањето биле користени над 15 илјади монети и тоалетата тежи десет килограми. Многу оригинална вечерна тоалета, но задолжително си бара да ве придружуваат барем петмина телохранители!

6. Фустанот “Happy Birthday” на Мерилин Монро

Почетната вредност на фустанот била 12 илјади долари и толку платила актерката за него. Тоалетата е создадена од американскиот креатор Жан Луи Бертолт во 1961 година. Тогаш Мерилин нарачала вечерна тоалета која ќе ја носи на роденденот на Џон Кенеди. Фустанот е направен како пајакова мрежа со дијамантски искри и потоа е продаден на аукција за 1,3 милиони долари.

Dijamantskata-fustan-na-Naomi-Vots5. Дијамантската тоалета на Наоми Вотс

Оваа вечерна тоалета е креација на Armani Prive и е украсена со дијаманти од Neil Lane, а чини 1,5 милиони долари. Изработката на фустанот траело речиси два месеца. Оваа вечерна тоалета ја носела актерката Наоми Вотс, која беше номинирана за Оскар оваа година. Стилска тоалета со неповторлив шарм.

4. Скапоцениот фустан на Maria Grachvogel
Оваа вечерна тоалета во принцип се продавала за 500 илјади долари, но на крајот била купена за 1,8 милиони долари. По демонстрациите на модното дефиле во 2000 година накитот кој го красел овој фустан бил ставен во сигурен сеф. Многу стилски и раскошната тоалета,е во црна боја со отворен шлиц на здолништето напред и свиленкаст корсет со дијаманти.

3. Фустанот на Debbie Wingham со црни и бели дијаманти

Тоалетата чини 5,5 милиони долари и за првпат е претставена на модното дефиле во Киев. Креатор на фустанот е британската дизајнерка Деби Уинам која посветила половина година од својот живот на изработката на ова ремек дело. Уинам тврди дека ова дело е  нејзиното креативно портфолио за последните десет години и олицетворение на нејзиниот сон. Фустанот тежи цели 13 килограми и е везен со црни и бели дијаманти. Раскошна тоалета со интелигентно емитување.

Debbie-Wingham-so-crni-i-beli-dijamanti

2. Дијамантската тоалета на Scott Henshall

Овој фустан чини феноменални 9 милиони долари. Носен е од пејачката Саманта Мумбаи,и фустанот лежи на нејзиното тело како тенка бестежинска пајажина, начичкана со дијаманти кои како вода прскаат. Оваа „пајажина“ вплеткува во себе 3 илјади дијаманти. Пејачката си го купила фустанот за премиерата на филмот „Спајдермен“ во 2004 година.

Skot

Nigtingale-of-Kuala-Lumpur-2-564x3781. Nigtingale of Kuala Lumpur

Стигнавме и до првото место, и таму се наоѓа вечерната тоалета за 30 милиони долари Nigtingale of Kuala Lumpur, направена од свила и тафт.

Тоалетата има 6-метарски штоф и е украсен со 751 Swarovski кристали, од кои најголемиот дел се 70 карати. Вечерната тоалета е претставена во 2009 година на фестивалот “STYLO Fashion Grand Prix KL”. а создадена е од малезиската дизајнерка Фаизали Абдула.

faktor.mk

Nigtingale-of-Kuala-Lumpur

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1