Полноќна журка до сабајле за две години од жичарницата


Вечер полноќна журка на врвот од скопската жичарница, забавата ќе почне од 22 часот, а ќе трае до 5 часот утрото. Настапува DJ елитата на македонската сцена: Бабура, Банчез, Марга Сол, Боби и Дела.

zicara-vodnoЗа успешна журка, а и со цел повеќе од заинтересираните граѓани да учествуваат на забавата, автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие ќе возат од 22 часот до 5 утрото на секои 40 минути. Тргнувањето е од трговскиот центар, а се стигнува до Средно Водно.

Со манифестацијата „Прв до врв” во сабота жителите на главниот град ќе ја одбележат втората година од пуштањето во употреба на Жичницата на Водно.

Качувањето на Водно започна во 9 часот пред основното училиште „Кочо Рацин”, а велосипедската трка на „Солидарност” во чест на 50 години од скопскиот земјотрес стартуваше во 10 часот.

Натпреварувачите добија сертификат за учество, а најдобрите се наградени со пехари и парични награди. Имињата на најбрзите учесници во трките ќе бидат испишани на трајна табла која ќе биде поставена на врвот на Водно.

Makfax

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1