ФОТО: Девојката чиј леш се распаѓаше во гепек – Која е младата Милица


28-годишната девојка најдена во фаза на распаѓање во гепек во Нови Белград, починала од предозираност со наркотици, а пред смртта се лекувала во болница од зависноста.

Милица Станојевиќ која беше пронајдена мртва во гепек, откако била пренесена таму по долго скапување во нејзиниот стан, каде соседите пријавиле дека се шири ужасна миризба, се лекувала од зависноста, но за жал не успеала.

Според неколку извори на српскиот Курир, пред да ја најдат мртва, таа се борела со зависноста во болница.

  • Не издржала и отишла во станот на Никола К. каде земала дрога и починала. Последен пат семејството ја виде на 17. октомври, вли изворот.

Најчудно во случајот беше што пријателот Никола К. каде младата девојка почина, не го известил семејството ни Итна помош, ни пријателите, туку го држел телото во својот стан, ковајќи план како да се ослободи од него.

Соседите виделе во четвртокот крв пред лифтот и поради ужасната миризба повикале полиција, а било откриено дека тој ја ставил Милица во гепек на автомобил.

Наводно се исплашил дека ќе го обвинат за смртта, па го направил делото.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1