ФОТО: Девојка исчезнала една недела пред својата свадба, најверојатно е убиена


26 годишната Стефани Скот овој викенд требало да се омажи со своето момче Арон Лисон Вули во Нов Јужен Велс, Австралија. За венчавката во Австралија доаѓале гости од Европа, од Дубаи и од други страни на светот – но сега се подготвуваат за погреб!275B428500000578-3029568-image-a-16_1428451869914_thumb_medium500_483

Стефани последен пат била видена во неделата на своето работно место во училиште во Литон, каде ги правела последните подготовки за деновите кога ќе отсуствува од работа. Минатиот викенд го поминала во шопинг за претстојниот меден месец кој требало да го помине на Тахити. Нејзиното семејство тврди дека била толку среќна што ќе се омажи со својата љубов, што нема шанси да избегала во последен момент.

Во неделата вечерта требало да се сретне со Арон на вечера. Не се појавила. Веднаш е почната потрага по неа, но безуспешно. Наместо да ги сместуваат гостите, нејзините родители изнајмиле хеликоптер кој ќе ја пребарува околината во потрага по Стефани.27635E5A00000578-3031361-image-a-20_1428543147441_thumb_medium500_279

По неколку дена неизвесност, денеска полицијата соопшти дека се сомнева дека Стефани е убиена, и за убиството го осомничи 24 годишниот Винсент Стенфорд.

Потрагата по Стефани продолжува, додека нејзините најблиски веројатно сеуште имаат мала надеж дека девојката ќе биде пронајдена жива.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1