Според официјалната историја, Хитлер се самоубил во бункер во Берлин во 1945 година, но фактот дека неговото тело никогаш не е пронајдено води до сомнителност околу неговата смрт.
Една нова книга всушност тврди дека Хитлер избегал во еден мал град близу Бразилската граница со Боливија.
Ова тврдење се базира на доказ со фотографија. Освен тоа, авторот пишува дека Хитлер претходно бил во Аргентина и во Парагвај, барајќи скриено злато со мапа која ја добил од сојузниците во Ватикан.
Книгата се вика „Хитлер во Бразил“ и е напишана од Симони Рене, а во неа се тврди дека Хитлер умрел на 95 годишна возраст.
Симони веќе има докази со слики и алишта од Хитлер, а следно што планира е да направи ДНК тест од потомците кои ги оставил Хитлер.