ФОТО: Двајца другари од Скопје со 60 денари „лапнаа“ 20 илјади евра на „спортска“


Двајца другари од скопска Кисела Вода ја кренаа во „воздух“ обложувалницата Златна Копачка во Црниче. Пред четири дена, во петокот вечерта, на 17 октомври, едниот од нив уплатил тикет од 30 денари со 16 натпревари кои требало да се играат наредниот ден, во сабота. Неговиот другар го прашал кои натпревари ги има одиграно, а овој му го дал ливчето и му рекол да го препише. Без размислување, на операторката Биле, тој и рекол само да го испечати уште еднаш истиот тикет, за истата сума.Screenshot_38

На ливчињата имало натпревари од повеќе фудбалски лиги, не само од Европа, туку и од Јапонија. Неверојатно, но без никакви услови, според „кладионичарскиот“ жаргон, тие „во чело“ погодиле 16 натпревари, со релативно високи квоти и инкасирале 1 милион и двесте илјади денари, односно по 600 илјади денаро обајцата.Screenshot_39

Коефициентот на среќните тикети изнесувал 46822 кои помножени со уплатата од 30 денари носат добивка од милион и четиристотини илјади денари, но со оглед дека највисоката исплата по тикет е во висина од 600 илјади денари, „несреќните“ среќници останале покуси за уште 1 милион и шестотини илјади денари, кои можеле да ги добијат доколку тикетите ги разложиле на три по 20 денари.

Први.мк

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1