Претпладнево, во Париз се случи експлозија во централниот дел на градот, Монтпарнас, на левата страна на Сена.Жителите биле евакуирани, се уште нема официјални податоци за причините на експлозијата.
Според очевидци кои објавуваат фотографии на Твитер причината е експлозија на гас. Во делот на градот каде се случила експлозијата пристигнале и амбулантни возила.