ФОТО: Еве каде сега се шири Исламската држава


Исламската држава ги користи своите војници и скривници во Ирак и Сирија за да го прошири своето влијание во југоисточна Азија, и è во потрага по голема стратегија за да завладее со сите муслимански земји.

Про-џихадистичкото движење кое се шири кон југоисточна Азија, ги охрабрува џихадистите да напаѓаат што побрзо и на тој начин да се закануваат на урбаните средини и западните интереси во тој регион.

isis-azija-630x384

Поддршката за ИСИС од страна на сè поголем број следбеници, овозможува создавање на активни “филијали” на Исламската дражва во југоисточна Азија и тоа за краток период.

САД има можност да се спротивстави на мрежата на ИСИС во овој регион, пред истата да продолжи да се шири.

Џихадистите од југоисточна Азија се поделени и се соочуваат со притисокот на домашните анти-терористички операции.

Кампањата на ИСИС е во првата фаза во овој дел од Азија, па така групата не претставува голема закана по безбедноста, како што е случајот во Либија, Авганистан и Египет. Таму припадниците на ИСИС уживаат во своите безбедни прибежишта, како и во Јемен каде има граѓанска војна.

Раната акција против ИСИС и нејзиното ширење во југоисточна Азија би можела да ги ограничи способностите на џихадистите да се развиваат во овој регион, посебно ако дојде до соочување со локалниот отпор.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1