Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека се издадени и пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Владимир”, „Наталија“ и „Олга” од серијата „Ден на Ангел”.
Кованата пара „Владимир“ ги има следниве карактеристики:
– на аверсот е претставен ангел наведнат над дете во моментот на крштевањето. Претставени се обоени, златни ѕвезди околу ангелот и три свеќи околу детето. Во средишниот дел од аверсот на монетата е прикажан грбот на Република Македонија. На десната страна, по должината на периметарот, се прикажани натписите: „Република Македонија“ и „100 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“.
– на реверсот, во средишниот дел од монетата е прикажана слика на свети Владимир – Владимир I, великиот кнез на Киев и на цела Русија, истакнат политички владетел во античките времиња, кој го прифатил христијанството во 998 година и ја христијанизирал Киевска Русија. На долниот дел од монетата е прикажана црквата на кнезот Владимир во Лужники (Москва) во близина на реката Москва. На левата страна е прикажан замок – симболот на св. Владимир. Замокот е одделен од својот одраз во водата со името „Владимир“ напишано на македонски јазик. На десната страна е вметнат кристал „сваровски“, коj наликува на зелен јаспис (среќниот камен на св. Владимир), како и натписите: „Ден на Aнгел“ (на македонски јазик) и ознаката „Аg 925“.
Кованата пара „Наталија” ги има следниве карактеристики:
– на аверсот е претставен ангел наведнат над дете во моментот на крштевањето. Претставени се обоени, златни ѕвезди околу ангелот и три свеќи околу детето. Во средишниот дел од аверсот на монетата е прикажан грбот на Република Македонија. На десната страна, по должината на периметарот, се прикажани натписите: „Република Македонија“ и „100 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“.
– на реверсот, во средишниот дел од монетата е претставена слика на света Наталија од Никомидија – ранохристијанска маченичка (почеток на IV век), сопруга на маченикот Адријан од Никомидија. На долниот дел е прикажана црквата на светиот маченик Адријан и преподобна Наталија, која се наоѓа во областа Добрјански (Русија), изградена на бреговите на реката Кама. На десната страна е прикажано семејство ежoви – симбол на името на Наталија. На левата страна е вметнат црвен кристал „сваровски“, кој го претставува среќниот камен на Наталија (хелиотроп – крвав камен). На десната страна е напишано името „Наталија“ (на македонски и на руски јазик), а на левата страна се прикажани натписите: „Ден на Aнгел“ (на македонски јазик) и ознаката „Аg 925“.
Кованата пара „Олга” ги има следниве карактеристики:
– на аверсот е претставен ангел наведнат над дете во моментот на крштевањето. Претставени се обоени, златни ѕвезди околу ангелот и три свеќи околу детето. Во средишниот дел од аверсот на монетата е прикажан грбот на Република Македонија. На десната страна, по должината на периметарот, се прикажани натписите: „Република Македонија“ и „100 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2015“.
– на реверсот, во средишниот дел од монетата е претставен ликот на светата рамноапостолна Олга, сопруга на киевскиот велики кнез Игор. Кнегињата Олга била првата жена владетел во Русија и првата владетелка на Русија која го прифатила христијанството. Таа била канонизирана како прва руска светителка од православната црква. На десната страна е прикажан леопард – симболот на св. Олга. На левата страна е вметнат жолт кристал „сваровски“, кој го претставува среќниот камен на Олга (килибар). На десната страна е напишано името „Олга“ (на македонски и на руски јазик), а на левата страна се прикажани натписите: „Ден на Ангел“ (на македонски јазик) и ознаката „Аg 925“.
Овие ковани пари се изработени од сребро Аg925, со тежина на среброто од 28,28 г, чистота на среброто 26,16 г, во овална форма со димензии од 30 х 50 мм, полирана со тампон печатење и вметнат кристал „сваровски“ со димензиja 2,6 мм.
Цената на кованите пари „Владимир“, „Наталија“ и „Олга“ изнесува 3.500,00 денари.
Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.