ФОТО: Еве како живеат децата на најбараниот нарко бос Ел Чапо


Ел Чапо има три сина и ќерка, а нивниот живот е исполнет со брзи автомобили, луксузни забави и диви животни.

Мексиканскиот нарко бос, Хоакин Ел Чапо Гузман, кој пред неколку недели успеа да побегне од затворот во Мексико, не штеди кога станува збор за удобниот и луксузен живот на своите деца.elcapo1

Нив ги опсипува со неброени пари, а тие својот раскалашен живот без размислување го прикажуваат и на своите сцоијални  профили.

Иако се свесни дека парите на нивниот татко доаѓаат од организиран криминал и продажба на наркотици, нив тоа не ги загрижува, што и во неколку наврати тие и отворено пишуваа.

Неговиот син Иван, кој го води и неговиот Твитер профил, ја “заскокотка” фантазијата на јавноста, но и полицијата, откако прикачи фотографија од неговиот татко после бегството од затворот при што напиша, “Оној кој што е трпелив, добива сè”. elcapo2

Самопрогласениот плејбој се пофали и со фотографии од своето црвено Ферари и пушка AK-47.

Средниот син покрај својот сив Мерцедес во ужива со својот миленик, инаку мал лав, споделува и фотографии и од својот приватен авион, но и забавите со Парис Хилтон.

Неговиот трет син Хесус Алфредо живее исто толку раскалашен живот, а освен тоа тој е и еден од командантите на картелите на неговиот татко. Неодамна тој сподели фотографија од својот приватен авион.elcapo4

Исто толку екстравагантен живот ужива и неговата ќерка Алехандрина Жизел, која е исклучително активна на социјалните  мрежи и очигледно ги поддржува криминалните активности на нејзиниот татко.

Таа напиша и дека се гордее бидејќи е ќерка на најбараниот човек на светот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1