Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје го отстранија дефектот на фекалниот колектор со пречник од 1.700 милиметри, лоциран на булеварот „Кочо Рацин“ во близина на Црвениот крст.
За отстранување на дефктот екипите напорно работеа во изминатите два дена, а беше ангажирана иградежна механизација, вакум цистерни и друга опрема за отпушување, како и едно возило на Противпожарната бригада на Град Скопје.
– Со тоа се овозможи проток на фекалните отпадни води, односно нормално функционирање на канализацискиот систем. При отпушувањето беа извадени кабли од операторите и друг неразградлив материјал, како што се влажни марамчиња и влошки кои граѓаните го фрлаат во своите веце школки, што, пак, доведе до запушување на колекторот, велат од Водовод и канализација, нагласувајќи дека каблите се поставени пред повеќе од 10 години.
Од Град Скопје апелираат граѓаните да не фрлаат ѓубре и други материјали во атмосферскиот и фекалниот канализациски систем. Од операторите бараат внимателно да ги поставуваат новите инсталации со цел избегнување на вакви дефекти и непријатности во иднина.
ZaSe.mk