ФОТО: Физиотерапевтот Марко го претепала 80-годишна пациентка


80-годишна пациентка во Лазаревац претепала физиотерапевт. Се работи за Марко Цветковиќ, вработен во Здравствениот Дом во Лазаревац. Старицата го удирала по главата 33-годишниот вработен, на 20 октомври, додека тој бил прва смена.
markooo.jpg-500

Таа се изнервирала бидејќи помислила дека физиотерапевтот во ординација преку ред викнал друга пациентка. Таа прво се скарала со него, а потоа започнала да го удира по глава.

– Бабата влезе и почна да го удира. Беше мала по раст но добро му се нафрли, вели за српски Курир, пациент кој бил сведок.

Марко е шокиран. Вели дека таа пациентка кај него доаѓа со години и може да му биде баба. Не знае зошто толку се изнервирала кога не ставил во ординација никој преку ред.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1