Хитлер бебе – би го убиле ли да знате што ќе стане кога ќе ппрасне?


Истражување спроведено од New York Times открива дека 42 посто од испитаниците радо би се вратиле во 1889 година, за да го убијат бебето Адолф Хитлер, за на тој начин да го променат текот на историјата.

„Драги читатели, дали би го убиле Хитлер како бебе?“, гласи прашањето упатено кон корисниците на онлајн изданието на њујоршкиот магазин, чија редакција сакала да дознае колку од читателите би било подготвени да убијат бебе доколку знаат во што би пораснало.Adolf Hitler, Kinderbild

Од 3.000 претплатници, 42 посто од нив изразиле подготвеност да го задават нацистичкиот водач во колевката за да го спречат страдањето и смртта на милиони луѓе.

Спротивно од нив, 30 посто од анкетираните рекле дека не се во состојба да направат нешто такво, а 28 посто биле неодлучни.

„Мислев дека повеќе луѓе ќе кажат „да““, рекол Џек Силверстин, главен и одговорен уредник на New York Times.

Анкетата пробудила голем интерес и на Twitter, каде продолжило истражувањето. Одредени „твитерџии“ рекле дека на Хитлер би требало да му се платат часови за сликање, за да можел да се запише на Ликовната академија во Виена и на тој начин да заборави на политиката и да се посвети на уметноста.adolf-hitler-1379022482-365405

Други пак предложиле измена на Версајскиот договор кој во 1919, после Првата светска војна го склучиле Германија и сојузниците, а чие потпишување го поттикнало Хитлер да се бави со политика.

Washington Post има мислење дека би било најдобро да се оди кај родителите на Фирерот со следната понуда: „Господине и госпоѓо Хитлер, би го зел вашето бебе да го одгледам место вас. Вашиот син ќе порасне во најголемиот диктатор во историјата на човештвото, одговорен за геноцид“, на што New York Times одговориле со „LOL“.

Втората светска војна ја предизвикала најмасовната миграција на европските жители, и е најсмртоносна војна во историјата, со повеќе од 60 милиони убиени, што е 2,5 посто од тогашната светска популација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1