Тинејџерка го киднапирала и обезглавила 5 годишниот син на тој што ја силувал?


13 годишно девојче кое тврди дека било силувано е обвинето дека во знак на одмазда извршило убиство на дете.

Девојчето тврди дека на почетокот на месецов било силувано во село во Утар Прадеш, Индија. Таа е обвинета дека го киднапирала 5 годишниот син на силувачот додека си играл, и потоа го обезглавила!pedofil siluvanje

Полицијата почнала истрага за обвиненијата против девојчето за убиство, а го истражува и тврдењето за силување – пишува Дејли меил.

Според „Times of India“ девојчето изјавило дека било силувано од човек по име Ринку. Подоцна било пронајдено телото на неговиот син, завиткано во кеса.

Девојчето е префрлено во дом за деца а обвинетиот за силување е притворен додека да заврши истрагата.

– Треба да се има на ум дека девојчето е зависно од дрога и влегувало во проблематични ситуации и за многу небитни причини. Доаѓа од многу сиромашно семејство без никаква дисциплина и видена е како користи дрога. Но ќе се изврши фер истрага  – изјавил полициски претставник, пренесува „Times of India“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1