Овие нашминкани убавици и забавувачки биле облекувани со разни традиционални уметнички форми на древна Јапонија, а нивниот лесен пад во заборав започнал со револуцијата Меиџи во 19 век. Истовремено целата земја на почетокот на дваесетиот век почнала многу брзо да се модернизира и се повеќе да наликува на западните држави.
Жените во тој период станале дел од работната сила и се поактивно се вклучувале во општеството.
Овие интересни фотографии не враќаат во далечните 1900 години кога Јапонија минувала низ драстични промени.
Некои од жените на овие фотографии биле многу познати во нивно време. Една од нив е и госпоѓицата Коман, за чија убавина и популарност пишувал и поетот Јон Ногучи.
Навикнати сме на фотографии на гејши во прилично строго издание, со цврсто стегнати усни и врзана коса, но новите слики нудат нов поглед кон нив.
Нивните пози, костимите за капење и изразите на лицето не може да се споредат со оние кои до сега ги знаевме.