Во Нови Сад се исечени дрвата кои познатиот пејач Ѓорѓе Балашевиќ ги засадил на улицата „Иса Бајиќ“ како подарок за неговата сопруга Оливера.
Неговата ќерка Беба вели дека покрај дрвјата секогаш седеле како семејство.
-Кога поради „уредување“ ги исекоа претходните стебла, долго никој не се појави да засади нови. Џоле тоа го направи, напиша неговата ќерка на социјалните мрежи.
Таа додава дека во Нови Сад годишно доаѓаат илјадници обожаватели на пејачот кои ппокрај нивната куќа, посетуваат и места кои се поврзани со нив.
Неговата ќерка вели дека за овие дрва знаеле сите кои ги сакаат песните на нејзиниот татко.
На двете дрва имало мали изгравирани плочки, секоја година нова плочка се додавала со некој специјален датум, кои исто така мистериозно исчезнувале.
-Со оправдување дека ќе се „крене бекатон“ или нешто слично и овие две дрва исчезнаа засекогаш, пишува Беба.