ФОТО: “Го сакам Брејвик, тој не е насилен и ќе им биде добар татко на моите деца“


За оваа Швеѓанка Брејвик не е убиец и неофашист, туку единствениот човек во нејзиниот живот во кого се вљубила и кој ѝ помогнал.

За целиот свет е расист кој уби 77 невини луѓе во најморничавиот терористички напад во Норвешка. А за една Швеѓанка, Андерс, Брејвик е единствениот кого некогаш го сакала. Подготвена е да го чека и целиот живот ако треба и се надева дека еден ден ќе бидат заедно. Неуморно му пишува писма, иако е свесна дека можеби тој и никогаш нема да излезе на слобода. Паралелно води голема бика со шведските власти за да ѝ одобрат да го посети зад решетките.brejvik zena

За оваа Швеѓанка Брејвик не е убиец и неофашист, туку единствениот човек во нејзиниот живот во кого се вљубила и кој ѝ помогнал, како што тврди, да ја надмине својата срамежливост и да се помири со фактот дека има тумор на мозокот.
-Го сакам Брејвик поради она што е, а не поради тоа што го направи. Тој е единствениот човек кого сум го сакала. Ќе го чекам колку што треба – вели дваесет и шестгодишната Меделејн.
На новинарите им покажала две писма што ги добила од Брејвик од затворот. Имало уште, но ги одзеле норвешките власти. Таа тврди дека му испратила повеќе од 250 писма.
-Брејвик е љубезен, трпелив, внимателен, интелигентен, духовит. Сакам целиот свет да знае дека Брејвик не е насилен, тврди таа.slika-2.jpg-500

Иако во текот на судењето на Брејвик беше утврдено дека се работи за нацистичко пореметување на личноста и дека е личност неспособна за емоции, писмата што ѝ ги испраќа на Меделејн зборуваат нешто друго.

-Навистина си прекрасна. Една од наjчудесните личности кои ги познавам. Ретко зборувам со луѓето. Ти благодарам за фотографијата. Многу си убава. Но, што е најважно, ти си интелигентна и имаш прекрасна личност, напишал Брејвик во едно од писмата.

Овој масовен убиец ја советувал дека треба да вежба, ако не бодибилдинг, барем да џогира или да се занимава со фитнес. Ѝ пишал дека во суштина има сѐ што му треба освен што го нервира што не може да ги добие игрите за плејстејшн кои ги сака. Ѝ открил дека ако некогаш излезе од затвор, ќе ја напушти Норвешка и дека тогаш би сакал да создаде семејство.slika-3.jpg-500

Меделејн и Брејвик се запознале играјќи онлајн Wold of Warkraft. Комуницирале преку нет и зборувале дури и за љубов во периодот д 2007 до 2009. Во еден момент тој престанал да ѝ одговара на пораките. Следно што чула за него е дека направил масакр во Норвешка.
-Мислев дека тоа го сториле некои исламисти. Не можев да поверувам кога ја видов неговата слика на вестите. Никогаш не ми делувал насилно.

Таa дури раскажува дека мечтае да се омажи за него.
– Би сакала да го пуштат од затвор. Сака да има куќа во шума и да живее мирен живот. Сака и деца. Би бил добар татко, истакнала Швеѓанката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1