ФОТО: Грозоморно чедоубиство во Бугарија, од кое ќе ве полазат морници


Мирјана Миклејиќ (46) од Бугарија, долго време објавувала фотографии на социјалните мрежи на кои многу јасно се гледало дека е бремена. Речиси сите етапи од нејзината бременост биле „овековечени„ на Фејбук.

Сепак, Мирјана никаде не ја водела бременоста ниту пријавила дека детето го родила дома.

Но, она што го предизвикало вниманието на мештаните и полицијата е што Мирјана на својот профил на Фејсбук профил објавила фотографија од мртвото бебе, целото во крв. mirjana

По објавената фотографија, полицијата го пребарала домот на Мирјана, а тело од мртво бебе било пронајдено во нејзината бавча.

– Наводно ископале во бавчата дете. Бебето било закопано на длабочина од 20-тина см, а преку него биле нафрлени тули , во неверување објаснувале сограѓаните.

Според зборовите на жителите на ова село, Мирјана не ја криела бременоста.

– Сите го видоа нејзиниот стомак. Се фотографираше и фотографиите од нејзината бременост ги поставуваше на Фејсбук. Кој е, меѓутоа, таткото, не знаеме. Молчеше за тоа. Можеби е и некој оженет маж , рекол мештанин.

Сепак, сите велат дека повеќе од чудно било однесувањето на Мирјана по породувањето.

– Кој става на Фејсбук фотографија од мртво бебе и пишува „за ова се умира“, а и фотографии од своите деца и пишува „за ова се живее“. Не е нормално жена која ќе роди мртво бебе или на која бебето и умира при породувањето да има доволно сила за тоа да ги информира пријателите преку Фејсбук , велат тiе.

Мирјана била два пати мажена. Од првиот брак има две возрасни ќерки, кои се на околу 30-годишна, а од вториот ќерка и син, кои одат во основно училиште.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1