ФОТО: Херојот од париската драма- Се сокрил во кутија и праќал смс пораки на полицијата


Лилиан Лепер повеќе од 6 часа се наоѓал на само неколку метри од браќата Куачи, а неговите информации кои ги испраќал преку смс пораки биле од непроценлива вредност за полицијата.

Браќата Куачи, терористите кои во средата убија 12 лица кога упаднаа во редакцијата на сатиричниот весник Шарли Ебдо, вчера беа опколени од страна на полицијата на само 30 километри од Париз.

heroj

Во речиси целодневната драма, браќата држеа заложник во печатницата во која се криеја, а сепак не биле свесни дека на само неколку метри од нив се наоѓа човек кој цело време праќа информации на полицијата.

Лилиан Лепер (27) графички дизајнер кој бил вработен во печатницата, се сокрил во картонска кутија и од таму постојано праќал смс пораки на полицијата, со значајни информации за терористите, за нивното расположение, разговори, позиција како и за нивниот изглед.

Тој во кутијата поминал повеќе од 6 часа, а првата порака ја испратил откако испеал да побегне и да се сокрие. Кога полицијата стапила во контакт со него, тој не престанал да им испраќа пораки со значајни информации.

Кога заложничката драма конечно завршила, поради доживеаниот стрес на Лепер му била пружена психолошка помош.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1