Почина ќерката на Хилтон


Ќерката на основачот на најпознатиот ланец на хотели низ светот Конрад Хилтон и филмската ѕвезда За За Габор-Франческа почина во понеделникот во Лос Анџелес на 68-годишна возраст.

hilton500

Франческа Хилтон е родена во Њујорк на 10.март 1947 година и работеше како актерка, фотограф и публицист.

Нејзиниот соработник Едвард Лози рекол дека таа починала од срцев или мозочен удар и дека тој разговарал со неа неколку минути пред тоа.

-Разговаравме за книгата која ја пишуваше и за можните договори, по што ми рече дека мора да оди да се одмори, рекол Лози додавајќи дека после тоа Франческа никогаш повеќе не ја напуштила собата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1