Иако целиот град ни свети од бронза, статуи, нови згради жално но и трагично е што младоженците во Скопје се уште се венчаваат во ХОРОР МАТИЧНО.
Овие фотографии се сликани викендов, а матичното ни е во оваа состојба години наназад. Прво што гледаат невестата и зетот кога ќе влезат во ,,чекалната,, е извалкан ,,флекав,, теписон со дупки. Па сваќите си ги кршат штиклите во овие дупки. Потоа треба да се седне на столчињата како од кино – арно ама половина се искршени и така искршени оставени сватовите да уживаат во глетката.
Очи бодат валканите завеси и климите од среден век, но ајде барем ги има. Внатре во просторијата за СВЕЧЕНА церемонија малку нашминкано но само одозгора. Теписоните искинати, да се сопне човек на излегување, дури и македонското знаме е валкано. Единствено што барем личи на нешто е шкафот зад матичарот кој е целиот во резба.
Какво такво друго немаме. Можеби не е ни чудо што се повеќе млади дури и плаќаат за да матичарите ги венчаат на друга локација.