Македонската фаланга ја има и во Доха и тоа од сите делови на светот. Од татковината, од Швајцарија, од нашите луѓе кои живеат и работат во Катар и ОАЕ.
Битолчани во мал број, но сепак се застапени во главниот град на Катар. И беа така впечатливи што секој објектив ги улови и ги прикажа на снимките и фотографиите од мечот во помалата сала во „Ал Саад„ во Доха.
Имено четворица битолчани облечени како катарските шеици делуваа оргинално и многу симпатично. Дури кога луѓето ќе се доближеа можеа да забележат дека не се работи за вистински шеици. Колоритната Фаланга има нов начин на своја подготовка. Фалангата во Доха доби и свои шеици.
Превземено од setaliste.com.mk