Полицијата го утврдила идентитетот на шесте жртви во тешката несреќа кај Куманово.
Со „пасатот” со кумановски таблички управувал полицаецот Л.Ј. (50) од Куманово. Неговиот сопатник кој исто така настрадал во несреќата е 58-годишниот В.Б.
Во сообраќајката настрадале и 4 годишниот Ј.Л. и 6 годишниот П.Л, како и нивниот татко, 39 годишниот Љупчо Л. и неговата сопруга, сите од Скопје.
Полицијата е се уште на терен и работи на нивно извлекување.
Наскоро се очекуваат повеќе детали.
Фото – Прес 24