Капитенот на холандската фудбалска репрезентација и играч на Интер, Весли Снајдер, според Википедија, има македонски корени.
Имено, во текстот на најголемата Интернет енциклопедија, посветен на познатиот фудбалер пишува дека тој има баба родена во Република Македонија.
Колку е ова вистина и дали некoј се погрижил да го покани во Македонија еден од најдобрите средни играчи во светот не знаеме, но интересно е да се прочита дека играч од светска класа има македонски корени.
Снајдер играше со Горан Пандев во Интер, во сезоната 2009/2010-та кога заедно ја освоија Лигата на шампионите под водство на Жозе Мурињо.
Ова е линкот од профилот на Весли Снајдер на Википедија
Hitportal