Кинез толку се уплашил од најавите дека крајот на светот доаѓа на 21.12.2012 штоп целата своја заштеда ја дал за да изгради брод – арка, со кој ќе го преживее потопот.
Лу Женгаи нарачал арка долга 21,2 метри, широка 15,5 метри, а висока 5,6 метри. За неа платил 120.000 евра.
Овој модерен Ное вели дека иако неговата арка можеби не е толку убава на изглед, уверен е дека ќе си ја заврши својата намена, односно ќе го спаси од крајот на светот. Проценето е дека при минувањето ќе потиснува 140 кубици вода.