Египет ги осуди на смртна казна сите што глумеле во „Невиноста на муслиманите“


Судот во Египет изрече смртна казна за седум лица вмешани во антиисламскиот филм „Невиноста на муслиманите“. Судот ја донесе оваа пресуда во отсуство. Според судијата Саиф ал Наср Солиман со овој филм  сите што учествувале во продукцијата го исмеале исламот и затоа се виновни.

Филмот Невинсота на муслиманите кој беше објавен во септември предизвика протести низ целиот исламски свет. За подоцна да се дознае дека не бил ниту филм туку 14 минутно клипче на youtube, а глумците тврдеа дека не знаеле за што се работи зошто нивниот говор е надсинхронизиран.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1