Овој приказ потекнува од средновековен ракопис познат како „Декрети на папата Гргур IХ“ кој настанал меѓу 1300 и 1340 година во Франција. Би сакал да кажам дека се работи за претстава на познатиот филмски лик, но во прашање е илустрација на библиската приказна за Самсон.
-Секако може да се каже дека уметникот имал бујна фантазија – вели Џулијан Харисон, кустос на Британската библиотека.
Харисон вели дека цртежот е еден вид украсен додаток на страната на која се претставени половина луѓе – половина животни.
Самсон имал натприродна сила но и две слабости – косата, без која станувал слаб и немоќен, и склоност кон превртливи жени.
Не е јасно кој лик во приказната го претставува „Јода“!?