ФОТО: Го замрзнале телото на двегодишната ќерка додека не пронајдат лек


Родителите на двегодишното девојче кое починало од тумор на мозокот, одлучиле да го замрзнат нејзиното тело, со надеж дека науката еден ден ќе му помогне на девојчето да оживи.

Девојчето Мадерин Наоваратпонг од Тајланд е најмладата личност чие тело било замрзнато.2007647-klinka

На Мадерин ѝ бил дијагностициран тумор на мозокот, по што родителите не можеле да ја разбудат.

Лекарите им рекле дека девојчето на левата страна на мозокот има тумор со големина од 11 сантиметри, и дека шансите да преживее се минимални, меѓутоа, родителите не сакале да се откажат.

Сепак, ниту по 12-те операции и бројни терапии, состојбата на девојчето не се подобрувала. Лекарите повеќе не можеле да направат ништо и Мадерин на крајот починала.

Нејзиното семејство не можело да се помири со тоа, поради што одлучило да го замрзне телото на својата ќерка додека не се пронајде лек.

– На овој начин и пруживме шанса нашето девојче еден ден повторно да дише и живее, кога науката доволно ќе напредува – рекол нејзиниот татко.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1