На концертот на Владо Јаневски во античкиот театар Хераклеа, битолчанецот Јоцо Ѓорговски клекна пред својата девојка и пред многубројната публика на романтичен начин ја побара нејзината рака.
Откако таа кажа ДА, публиката им честиташе со голем аплауз. Романтичниот момент се случи токму за време на песната „Од овој ден ти си ми единствена “.
Со концертот на македонскиот пејач беше затворено овогодинешното издание на битолското културно лето „Битфест“, кое со реализирани над 270 настани уште еднаш го задржа рекордот за најдолго, но можеби најквалитетно културно лето во земјава.