Познатата пејачка Шер овој мај ќе влезе во седмата деценија од животот, додека нејзината мајка Џорџија Холт во јуни ќе го прослави 90-от роденден.
Во нејзина чест, музичката легенда на Твитер објави фотографија со мајка си, а во коментар нагласи дека Џорџија нема никаква шминка на лицето.
Ова не е првпат пејачката да ја стави мајка и во прв план. Пред три години го снимаше документарецот „Dear mom, love Cher“.
Филмот го прикажува детството на Џорџија, нејзините шест бракови, пејачката и актерската кариера и нејзината поддршка кон ќерката да дојде до музичкиот врв.
Г-ѓа Холт во 50-тите ја започнува актерската кариера, сними низа филмови, а во 2013 повторно се активира музички со објавувањето на албумот „Hoky Tonk Woman“.
Шер и другата ќерка, актерката Џорџин Лепјер, Џорџија ги доби од првиот брак со Џон Саркисијан.
Инаку, за Шер се врзуваат бројни пластични операции, односно пејачката важи за неофицијален рекордер на светската јавна сцена по бројот на естетски зафати кои ги има на себе.
Вистина.мк