Повредени двајца пешаци во сообраќајна несреќа во Тетово


Вчеравечер околу 19 часот и 30 минути, на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „29 ноември “ во Тетово, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале:патничко возило „Пежо 205“ со тетовски регистерски таблици, управувано од 29-годишниот тетовец С.Б. и пешаците Н.Р.( 29 ) и П.Р.( 49 ), исто така, од Тетово.Soobrakajci-policija

Во несреќата, двајцата пешаци задобиле телесни повреди и со истото возило биле пренесени во тетовската клиничка болница. По укажаната помош, тетовецот и тетовката пуштени се на домашно лекување.

Извршен е увид и се утврдува причината за несреќата и се друго поврзано со тоа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1