На Тодорова сабота сите патишта водат во градот на Свети Никола


Уште во далечната 1973 година градот на Свети Никола бил организатор на манифестацијата „Регионални фолклорни смотри“ која ги опфаќала општините од источниот регион со успешно презентирање на чистите вредности на македонската фолклорна ризница. Овој настан прерасна во препознатлив Меѓународен фестивал на изворен фолклорtodorova-sabota-sveti-nikole

Меѓународниот фестивал на изворен фолклор Тодорица, кој се одржува континуирано секоја година континуирано во новиот милениум е поврзан со верскиот празник „Тодорова сабота“, а локалното население на Свети Николе го слави како народен собор „Тодорица“.

Популарниот панаѓур, којшто трае три дена за време на празникот, претставува интересна можност за среќавање на граѓаните од градот и пошироко. Овој фестивал има богата традиција, а градот станува вистински центар на изворниот фолклор, вклучувајќи ги различните етноси од Македонија и пошироко.

Во зачувувањето и негувањето на изворните фолклорни дејности најголем придонес имаат 40 културно уметничките друштва кои работеле и работат на територијата на општината. Посебно се издвојува фолклорниот ансамбл „Јанко Глигоров“, кој работи во составот на Домот на културата. Овој ансамбл, фолклорните вредности на овој крај ги претставува во континуитет повеќе од 40 години на разни фестивали во Македонија и надвор.

Секоја година во градот доаѓаат над петстотини играорци, интерпретатори на изворна песна и музика од цела источна Македонија, Бугарија и Србија. Градот три дена живее со звуците на кавалот, гајдата, тамбурата и тапанот и со боите од народните носии во кои се облечени играорците.

kurir.mk

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1