Икеа повлекува опасни ламби од продажба


„Икеа“ ги моли купувачите на ГОТХЕМ ламбите веднаш да престанат да ги користат и да ги вратат во стоковната куќа „Икеа“ кадешто ќе добијат полна рефундација на парите дури и ако тие нормално функционираат. Откако во нив се пронајдени оштетени кабли, „Икеа“ ги повлекува од продажба ГОТХЕМ ламбите поради опасност од струен удар. Оштетените кабли може да донесат напон во металното куќиште на ламбите и да предизвикаат безбедносен ризик.gikea

„Икеа“ не добила извештаи за повреди, но добила извештаи за незгоди во кои двајца купувачи и еден вработен во стоковната куќа „Икеа“ доживеале струен удар.

„Сигурноста на производите е исклучително важна за компанијата „Икеа“ па ГОТХЕМ ламбите ги повлекуваме од продажба за да избегнеме какви било понатамошни инциденти и можни повреди и за да ги освестиме купувачите за опасноста“, соопштиле од шведската компанија.

ГОТХЕМ ламбите сепродаваат на сите продажни места во стоковните куќи „Икеа“ од октомври 2015 година. Ламбите можат да се вратат во „Икеа“ со целосно враќање на парите, а сметката не е потребна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1